Одбојкарките на Пелистер волеј од Битола вечерва со натпреварот против екипата на Јанта од Скопје ја отворија новата одбојкарска сезона, а ова беше нивни прв натпревар после враќањето во Првата лига – 1-3 (25-21. 19-25. 22-25, 20-25).
Битолскиот прволигаш влезе амбициозно во дуелот со шампионот и имаше одлична премиера во прволигашкото друштво потврдувајќи, уште на стартот дека ќе биде силен прптивник за сите екипи. Пелистер волеј го освои првиот сет, а потоа целиот натпревар беше возбудлив, динамичен, содржаен со многу пресврти и борбена игра.
Јанта Волеј КВ, одигра мирно и мудро, ги намали грешките и ја корегираше играта во поле, а тоа му донесе комплетен пресврт на мечот и стартна победа во новата сезона. Пелистер волеј имаше 22-19 во третиот сет, но со серија 7-1 шампионот го доби овој дел од мечот и со тоа си го трасираше патот кон победата.





