Одбојкарките на Пелистер волеј конечно блеснаа во полн сјај и за само 58 минути ја совлада екипата на Фит Фан Волеј од Скопје во рамките на 7 коло од Првата женска одбојкарска лига. Резултатот отсликува колку голема беше разликата во квалитет – 0-3 (20-25; 14-25; 16-25).
Од почеток до крај девојките на Роберт Митковски доминираа во секој сегмент од играта во нападот и во одбраната.
За пелисерки ова е многу важна гостинска победа за враќање на самодовербата и продолжување по патот кој го зацртавме. Во следното осмо коло, следниот викенд Пелистер волеј ќе ги пречека Газели волеј од Скопје.





