Неколку убедливи победи и едно реми го одбележаа денешниот дел од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига. Работнички славеше со високи 4-0 против Шкупи, Пелистер го совлада Осогово со 3-0, додека Охрид освои три бода на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.
Пелистер на домашен терен беше сигурен против Осогово, победувајќи со 3-0. За гостите од Кочани ова беше тежок натпревар, а новиот тренер Спирко Златков на тимот дебитираше со убедлив пораз. До посакуваните три бода, тимот на Христов го водеше офанзивецот Иван Ивановски, кој беше стрелец на хет-трик во мрежата на гостинот од Кочани.
Пелистер на своето конто има 18 освоени бода исто колку и Работнички, но дебармаалци имаат меч помалку. Лидер во ВМФЛ е ГФК Охрид кој има 19 освоени бода. Осогово, пак, е претпоследен со само три освоени бода.





