Пелистер елиминиран од Купот од бранителот на трофејот

Екипата на Силекс се најде меѓу осумте најдобри во Купот на Македонија, откако го совлада второлигашот Пелистер на гостински терен во Битола со конечни 0-3 (0-3). 

Кратовчани го решија прашањето на победикот уште во првите 45 минути, кога со три постигнати гола покажаа зошто беа фаворити во пресрет на натпреварот. 

Есмир Хасукиќ го отвори резултатот во 11. минута кога погоди со глава за 0-1, истиот играч потоа доби добра топка и истрча во простор, зголемувајќи на 0-2 во 33. минута, а третиот погодок беше дело на Никола Манојлов, кој ја искористи огромната грешка на голманот Димовски и ги постави конечните 0-3 во 35. минута од натпреварот. 

Вториот дел беше чиста рутина за гостинската екипа, која умешно го приведе мечот кон крајот и замина во Кратово со убедлива победа на стадионот „Петар Милошевски“.