Попаладмево во прес-центарот на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола се одржа средба со новинарите, а повод беше утрешниот фудбалски пријателски натпревар на екипите на Пелистер и Димано Букурешт, кој се игра во рамките на одбележувањето на 80 годишнината од формирањето на фудбалскиот клуб Пелистер.
На прес-конференцијата присуствуваа капитените и тренерите на двата клуба.
Мирко Ивановски, капитенот на Пелистер го најави спектаклот.
„Емоции секогаш постојат кога се во прашање клубови каде со љубов си настапувал и си го сакал дресот на клубот, па така ќе биде и утре кога ќе играм за мојот матичен клуб Пелистер, а од другата страна е клубот каде сум поминал извесно време и за кој клуб имам голем респект. Очекувам еден фер и коректен натпревар, да одиграме квалитетно, да има шанси и голови,. Тоа ќе биде можност за нашиот тренер да види со каква екипа располага, да има увид за понатаму кога имаме важни натпревари во првенството. Најбитно е да помине натпреварот во најдобар ред, да нема повреди во двете екипи. Да одиграме квалитетен натпревар, да славиме еден голем јубилеј како што доликува 80 години постоење на клубот и 40 години навивачка група „Чкембари“.
Тренерот на Динамо Букурешт, Жељко Копиќ за престојот во Битола и утрешниот натпревар рече:
„Секогаш кога имаш пријател, и кога ќе те повика редно е да одговориш на поканата. Мирко беше со мене во два фудбалски клуба во Хрватска и во Романија во Динамо, и на неговата покана не размислував. Штом го проверивме нашиот клубски календар и во разговор со управата на клубот се договоривме да дојдеме во Битола на ова гостување и да ја збогатиме прославата на Пелистер. И за нас ова е добра шанса да одиграме квалитетен фудбалски натпревар за кој направивме еден комбинирам состав од стандардни фудбалери, кои се дел од основата на тимот, а приклучени се и фудбалери од младинската екипа. Сите кои го следат Динамо знаат дека инсистираме да играме квалитетен фудбал, а сите кои ќе дојдат да го гледаат натпреварот уберен сум дека ќе уживаат во тоа што ќе го прикажат двете екипи“.
Утре натпреварот ќе започне во 17:30 часот, а претходно во 16:00 часот ќе се одржи Свечена академија по повод 80 години ФК Пелистер.





