Пелистер под светлото на рефлекторите ќе ги пречека Тиквеш и Вардар

Битолски Пелистер во следните две кола од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде домаќин на двата меча, кои ќе се играат во вечерен термин.

Во рамки на единаесеттата рунда, Пелистер го пречекува Тиквеш. Мечот ќе се игра на 30 октомври и е закажан со почеток од 17:00 часот.

Во дванаесеттото коло, пак, пред репрезентативната пауза, Пелистер го очекува „вечното дерби“ со Вардар во Битола. И тој натпревар ќе се игра со почеток од 17:00 часот.

Битолчани во моментов се на десеттото место во ПМФЛ со седум освоени бода, а седум кола по ред немаат победа во македонскиот шампионат.