Пелистер со „стотка“ го совлада Скопје 2023 за втора сезонска победа

Кошаркарите на Пелистер ја забележаа втората победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако по неизвесна пресметка и голема борба во текот на сите 40 минути, го совладаа Скопје со 101-94. Битолчани одиграа најдобро кога беше најпотребно, во драматичните моменти од последната четвртина, кога успеаја да го скршат отпорот на гостите.

Кочовиќ го заврши натпреварот со 31 поен, Вилсон постигна 19, со пет асистенции, додека Денинг придонесе со 18 поени и пет скока. Димитриев средбата ја заврши со 11 поени и пет скока.

Кај Скопје, странското трио Паркер, Џонс и Џексон заедно постигна 57 од вкупно 94 поени на гостинската екипа. Блажевски запиша 11 поени, додека Миловановиќ и Младеновски постигнаа по девет.