Пелистер ја загуби драмата во „Јасмин“, бодовите за Тиквеш

Битолски Пелистер ја загуби драмата во финишот во Кавадарци и претрпе пораз од 72-70 од Тиквеш во натпреварот од седмото коло на Суперлигата.

Битолчани во Кавадарци подобро го отворија мечот, по првиот период беше +4 за нив, но во продолжение од средбата Тиквеш врати а победата дојде дури во самиот финиш кога кавадарчани знаеја како треба да одиграат. Ова е нивна четврта победа а за Пелистер ова е петти пораз.

Најефикасен во победата на Тиквеш беше Дејвион Сајкс со 21 поен и 15 скокови, додека Вилсон и Кочовиќ запишаа по 16 поени за Пелистер.