Помошното игралиште во Битола ќе биде реновирано со помош на ФФМ

Управниот одбор на ФФМ го разгледа барањето за поддршка и донација за реконструкција и уредување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева „Ќумурно игралиште“ во Битола.

Имајќи ја предвид неговата значајна улога во развојот на младинскиот фудбал и потребата од создавање безбедни и квалитетни услови за тренинг, Управниот одбор на ФФМ го прифати барањето и одобри поддршка за реконструкција на игралиштето.

Во реконструкцијата спаѓа вклучително и замена на вештачката трева и санација на подлогата и неопходната инфраструктура.