По триесет години скијачките на Пелистер на самостојни припреми во странство

Скијачкиот клуб Пелистер повторно е на самостојни клупски подготовки, по пауза од повеќе од триесет години, овојпат на глечерот Хинтертукс во Австрија
Под водство на главниот тренер Марјан Нашоку, поранешен репрезентативец на Македонија, и помошник тренерот Дамјан Неделковски, нашите млади скијачи во текот на ноември ги реализираат 10-дневните снежни подготовки како дел од годишната клупска програма.

Новата генерација на натпреварувачи ветува многу со посветеност, дисциплина и следење на целосната програма која ги опфаќа летните кондициски тренинзи и подготовките на глечер, тие поставуваат силна основа за претстојната сезона.

Следуваат зимски тренинзи на регионалните скијачки центри и, секако, на нашиот Пелистер!