екипата на Новаци ја продолжи серијата без пораз и ремизираше на гостувањето кај Осогово. На „Градскиот стадион“ во Кочани немаше погодоци (0-0). Осогово и Новаци ги поделија бодовите и со реми ја завршија есенската полусезона во Втората лига.
Со ова реми екипата на Дарко Крстески ќе преземи на шестото место со 27 бода, а кочанскиот второлигаш е место подолу со 24 бода.
Втората лига продолжува со возбудувањата во месец февруари.





