Симона Маџовска со подарок од РФМ за репрезентативната кариера

Женската репрезентација на Македонија вечерва загуби од Словенија во второто коло од квалификациите за Европското првенство 2026.

Пред почетокот на средбата, Ракометната федерација на Македонија организираше убава церемонија и додели признанија за поранешните репрезентативки кои оставија трага во националниот тим.

Поранешната капитенка Елена Ѓорѓиевска, Јована Саздовска, левото крило кое имаше долгогодишен придонес во националниот тим и битолчанката Симона Маџовска добија врамен дрес.

Со овој симболичен чин, федерацијата уште еднаш покажа дека ги вреднува генерациите кои го носеле националниот дрес со чест и посветеност, а моментот пред почетокот на натпреварот во Битола беше поздравен со големи аплаузи од трибините.