Стајиќ: Да го одбраниме домашниот терен и да го поправиме впечатокот од првиот натпревар

Битолски Пелистер во второто коло на Европа купот на ФИБА ќе го пречека словачкиот ривал Приевидза, утревечер од 19:00 часот. Натпреварот против Словаците ќе биде историски за кошаркарска Битола, па своите очекувања пред мечот ги сподели искусниот плејмејкер Бобан Стајиќ.

„Нè очекува втор натпревар каде што победата е единствена опција за нас. Секако не би сакале да отвориме со два порази во европското натпреварување. Пречекуваме квалитетна екипа која има широка ротација и игра со голема енергија. Наше е да го одбраниме домашниот терен и да го поправиме впечатокот од првиот натпревар“, изјави Стајиќ.

Дуелот меѓу Пелистер и Приевидза се очекува да се игра пред исполнети трибини, бидејќи интересот на гледачите за овој натпревар е голем.