Битолчанката Стефанија Алексовсја од Пелистер ПИН е поединечен првак на Македонија во куглање за 2026 година. После квалификациите Стефанија ги победи своите противници во осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и самото финале.
За Стефанија, ова е само уште еден во низата успеси во изминатите пет години, со посебен акцент на меѓународната сцена која ни е заеднички фокус. Успехот бара многу работа, стручност и жртва и перманентни ложувања перманентни.
Алексовска и уште две девојчиња и едно момче во младински категории ќе ја претставуваат Македонија на Светското и Европското првенство во куглање, кое крајот на мај се одржува во Австрија.
Битола има одлични услови за развој на куглањето и одлична куглана, која ги исполнува сите светски норми и стандарди.





