Стојановски: Мора да ги користиме шансите, жалиме за трите бода!

Иако имаше за цел да освои три бода, Пелистер освои само бод против Македонија Ѓорче Петров. Тренерот на битолскиот клуб Милан Стојановски го анализираше ремито против „лавовите“ во рамките од 15. коло од Првата македонска лига (1-1). 

Српскиот стратег жали за пропуштените шанси, но го потенцираше и лошиот терен, како и евидентниот замор кај неговите играчи. 

„Јас и пред натпреварот кажав дека Македонија Ѓорче Петров е добра екипа, посебно сега кога играшите се вратија во тимот. Првото полувреме беше добро, не можам да им замерам на наѓите играчи. Создадовме три зицери, тоа мора да се реализира, а во фудбалот е така, кога се промашат шанси тогаш следува казна. Од еден шут примивме гол. Сепак мене повеќе ме загрижува второто полувреме, веројатно е замор. Терените се катастрофални. За жал не успеавме да освоиме три бода. Во второто полувреме можеме да бидеме среќни што не загубивме“, изјави по мечот стратегот на Пелистер.

Од петнаесетте бода Пелистер има седум бода со Капинковски и осум со Стојановски на клупата.