Тројца пелистерци на списокот на Зорман за двомечот Србија – Словенија

Тројца ракометари на Еурофарм Пелистер се на списокот на Урош Зорман за следната ЕХФ недела.

Словенија ќе одигра пријателски натпревар со Србија, а во списокот на селекторот за овој дуел се најдоа левиот бек Ник Хенигман, средниот бек Домен Тајник и искусниот десен бек Најц Цехте.

Натпреварот меѓу Србија и Словенија ќе се игра на 31 октомври во салата „Лагатор“ во Лозница.