Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија , Горан Кузманоски го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство за ракометари до 18 години. На списокот се тројца ракометари на битолските суперлигаши – Тео Спировски, Јован Симовски и Мели Фехми. Резерва е Стефан Лазаревски.
Машката кадетска репрезентација е дел од групата Д заедно со репрезентациите на Грција, Финска и Луксембург, домаќин на групата е Луксембург.
Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
31.10 – Петок – Македонија – Финска (16:00 часот)
01.11 – Сабота – Македонија – Грција (14:30 часот)
02.11 – Недела – Луксембург – Македонија (15:30 часот)
Собирот на ракометарите ќе се одржи на 27 октомври во 11:00 часот во Хотел Русија.





