Шампионот пресилен за непостојаниот Пелистер

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа третиот пораз во Суперлигата. Попладнево загубија од МЗТ Скопје со 74-60.

Репрезентативниот бековски тандем Лука и Војдан Стојановски го предводеше МЗТ Скопје до новиот триумф. Лука Стојановски беше најефикасен со 18 поени, додека Војдан реализираше 13 поени, со седум скока и три асистенции. Двоцифрен учинок имаше и Крајиниќ со 12 поени и пет скока. За МЗТ Скопје повторно настапи и Адем Мекиќ.

Во редовите на Пелистер, Димитриев постигна 12 поени, додека Денинг, Кочовиќ и Златевски натпреварот го завршија со по 10 поени.

Во следното шесто коло Пелистер ќе го пречека ГКК Штип.