Ѓуро Илиќ одбележа 50 години тренерска кариера, доби црвен појас и стана самурај!

Во преполната сала на Народниот театар во Битола деновиве беше одржана свечена академија на која беа одбележани 50 години тренерска работа на битолскиот мајстор на Битола и пошироко, сенсеи Ѓуро Илиќ.

За големата титула, самурај zборуваше iзвршниот директор на Интернационалната будо федерација, мајстор Буразеровиќ.

„Големиот мајстор Илиќ сега е вистински самурај, а со тоа добива е една калиграфија на која е испишана титулата самурај. Илиќ го добива и оружјето на самураите, односно душата, јапонскиот меч – катана која исто така му ја доделува Интернационалната будо федерација“, рече Буразеровиќ.

Катаната на Ѓуро Илиќ му ја додели Хидехару Иши, претседател на Интернационална Будо федерација.

Документрарниот филм „Ѓуро Илиќ…да се биде подобар од вчера…“ беше прикажан пред полната сала на народниот театар.