Јовче Даскаловски балкански вицешампион во планински велосипедизам

На Балканскиот шампионат во планински велосипедизам, дисциплина даунхил во Бугарија, кој одржан на една од најтешките патеки на Балканот – „Витошкото лале“, македонскиот велосипедист Јовче Даскаловски оствари голем успех. Битолчанецот го освои второ место во Мастерс категоријата и се пласира на 23. место во вкупниот пласман од вкупно 172 учесници.

Со овој резултат Македонија беше претставена на врвно ниво на овој мега балкански настан.

Зад успехот стои и добрата организација на неговиот тим – Extreme Bike Team Bitola.