Цело раководство и стручен штаб си поднесоа оставки по испаѓањето на Пелистер во Втората лига

По неусехот на Пелистер од Битола прелу бараж натпревар да обезбеди опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија, претседателт на клубот, раководството и стручниот штаб си поднесоа оставка, кој беше објавена на официјалната страна на клубот и во неа се вели:

„Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз од Шкендија Арачиново по пенали и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат.

Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени значителни напори за зајакнување на клубот и обезбедување на негов опстанок во Првата лига, но очигледно вложеното не беше доволно за постигнување на посакуваните резултати.

Покрај поднесените оставки, досегашната управувачка структура бара да се спроведе и целосна ревизија на досегашното работење на клубот, со цел јавноста да биде ослободена од какви било сомнежи во однос на евентуални злоупотреби на финансиски средства и да се потврди нивното наменско и транспарентно трошење.

Со овој чин се презема одговорност за резултатите, но и се остава простор за темелна анализа на досегашните чекори и носење на нови одлуки, сè во интерес на идниот развој и напредок на Пелистер“.