Алчевски расчисти со Хапоел и се враќа на Балканот

Битолчанецот Марко Алчевски, во следната сезона ќе го брани голот на нов клуб. Битолчанецот ја заврши својата епизода од две години во Хапоел Ерусалим и повторно е слободен фудбалер.

Штотуку завршената сезона Алчевски ја мина во ОФК Београд во Србија на позајмица, а откако таа истече се врати во Ерусалим. Клубот и фудбалерот не постигнаа согласност за нов договор и Алчевски е слободен да ја бира својата следна дестинација,

За услугите на Алчевски се заинтересирани неколку клубови од Србија и Босна и Херцеговина, како и македонски прволигаши. Младиот голман афирмација доживеа во Брера, а кратко бранеше и во Борец.

Македонскиот чувар на мрежата, кој има 24 години, зад себе има значително искуство на младинско репрезентативно ниво, со 17 официјални настапи за селекцијата на Македонија до 21 година, а сè уште го очекува дебито во сениорскиот национален тим.