Ненад Белистојановски доби шанса во првиот тим на Еурофарм Пелистер откако имаше добри партии во Еурофарм Пелистер 2. Сега младинскиот репрезентативец на Македонија ќе заигра со сениорите и веќе ги почна подготовките со екипата која од ова лето ја предводи искусниот Лино Червар. По првиот тренинг Белистојановски ги сподели очекувањата.
„Мислам дека сум физички подготвен за предизвикот. Се чувствувам многу убаво со првиот тим на Пелистер, со сите репрезентативци и Лино Червар како тренер. Подготвен сум да го дадам максимумот. Нашите очекувања како тим се високи, да ја вратиме титулата во Битола пред се. Тренираме напорно, а успехот ќе дојде“, рече прилепчанецот.
Прилепчанецот играше со многу успех во Еурофарм Пелистер 2, а сега се надева дека ќе го продолжи ракометниот развој и во првиот тим на битолчани.





