ФК Пелистер го доби својот прв официјален фан-шоп

ФК Пелистер доби свој официјален фан-шоп, место каде што навивачите ќе можат уште поблиску да ја покажат својата љубов кон „зелено-белите“.

Отворањето привлече голем број симпатизери на Пелистер, кои во текот на денот го посетија новиот продажен простор, купуваа клупски реквизити, се фотографираа и заедно со клубот го одбележаа овој историски момент.

Од ФК Пелистер упатија голема благодарност до сите кои беа дел од настанот, истакнувајќи дека ова е само почеток на една нова приказна која клубот ќе ја гради заедно со своите верни навивачи.

Со отворањето на официјалниот фан-шоп, Пелистер направи уште еден важен чекор во развојот на клубот и во зајакнувањето на врската со својата навивачка база, која со години е препознатлива како една од најверните во Македонија.