Викендов во битолското село Црнобуки заврши седмиот Меморијален турнир „Трофеј Трајан Куља – Црнобуки 2026“, на кој настапија најдобрите младински екипи од земјата и регионот. По тридневните натпреварувања постигнати се следните резултати по возрасни категории:
Генерација У9:
- Партизан
- Еден на еден
- Марадона
- Јанг Тим
Најдобар играч: Огнен Билиќ (Партизан)
Најдобар стрелец: Кенан Ахмети (Јанг Тим)
Најдобар голман: Владан Стојковиќ (Партизан)
Фер-плеј екипа: Јанг Тим
Генерација У10:
- Ултрас Кидс
- Брера Струмица
- Перак
- Вардар
Најдобар играч: Павел Трајковски (Вардар)
Најдобар стрелец: Хасан Усинов (Брера)
Најдобар голман: Дамјан Матлиески (Ултрас Кидс)
Фер-плеј екипа: Стакорина (Република Српска)
Генерација У11:
- Јанг Тим
- Пелистер
- Ултрас Кидс
- Галактикос
Најдобар играч: Јаков Христов (Пелистер)
Најдобар стрелец: Марко Ташков (Марадона)
Најдобар голман: Енсар Даути (Јанг Тим)
Фер-плеј екипа: Атлетико Битола
Турнирот е единствен од овој тип на кој учесниците не плаќаат партиципација. Интересот беше голем и триднвните натпревари беа исклучително добро посетени.





