Новиот тренер прозиваше, Пелистер на македонско „гориво“ оваа сезона

Кошаркарскиот клуб Пелистер официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27. Клубот влегува во овој циклус со целосно нова структура и визија за развој на тимот.

Екипата сезонава ја предводи искусниот стратег Тане Спасев, кој потпиша едногодишен договор. Негов асистент ќе биде Владимир Николовски, со што се обезбедува континуитет во работата со кошаркарите.

На прозивката беа присутните сите новајлии, со исклучок на Американците кои ќе се приклучат од понеделник во Битола. Екипата ќе се подготвува со домашни спаринг партнери, а ќе настапи и на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски-Петкото„ на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.