Спасев: Ќе се потпреме на македонски сили, ми се допадна овој проект

Битолски Пелистер со состанок и прв тренинг означи старт на новата подготовките за новата сезона. Првата прозивка ја имаше новиот кормилар Тане Спасев кој ја доби довербата да го води тимот и ги сподели првите импресии.

„Пелистер е клуб со реноме. Уште од моите младински денови брендот значеше во македонската кошарка многу. А и Битола е еден од најубавите градови во Македонија. Овој проект веднаш ми се допадна. Акцентот ќе биде на млади македонски играчи, со само три странци. Мислам дека ќе биде добра средина за работа, млада енергија и се надевам ќе играме убава кошарка за публиката.

Ќе одиграме пријателски натпревари само со македонски екипи, а првиот веќе е закажан за четврти септември. Ќе играме и на меморијален турнир тука во Битола. Горе-долу ќе тестираме со речиси сите екипи од лигата“, вели Спасев.

Пелистерци минатата сезона ја завршија со трето место во шампионатот и полуфинале на Купот.