Капитенот Најдовски ја заврши играчката и почна тренерска кариера

Дарко Најдовски, стави крај на својата играчка кариера, но веднаш продолжува со нов предизвик во кошарката.

Најдовски одлучи новата сезона да ја дочека во нова улога, откако ќе биде дел од стручниот штаб на тимот. Тој ќе му се приклучи на тренерот Тане Спасев, каде заедно со Владимир Николовски ќе ја извршува функцијата асистент-тренер.

За Најдовски ова претставува почеток на една нова, тренерска етапа, по години поминати на теренот и во дресот на Пелистер. Од битолскиот клуб веруваат дека неговото искуство, знаење и авторитет ќе бидат од голема корист за младите кошаркари, но и за целиот тим.

Пелистер со овој потег продолжува да им дава шанса на млади тренерски кадри, со цел да се создаде квалитетна база и да се откриваат нови таленти кои во иднина ќе имаат важна улога во сениорскиот состав.