Марко Стојилевски ја замени Брера со Пелистер

Битолски Пелистер се пофали со ново име во своите редови, а тоа е дефанзивецот Марко Стојилевски.

20-годишниот десен бек мина кратка етапа во екипата на Смедерево, а претходно ги бранеше боите на Брера од Струмица.

Во Пелистер се надеваат дека неговото присуство ќе ја збогати дефанзивната ротација, а тимот ќе се бори за висок пласман, односно експресно враќање во елитното фудбалско друштво.

„Зелено-белите“ ја започнаа сезоната со две реми