Денес се одиграа четири натпревар од шеснаестина финалето во Купот на Македонија. Според очекувањата фаворитите забележаа убедливи победи и ја продолжуваат трката за трофејот.
Пелистер го совлада Студеничани со 6-1. Битолчани поведоа преку Марко Стоилевски во 11. минута. Три минути подоцна Петар Љамчевски зголеми на 2-0, а во 18. минута, Алек Сиваков беше стрелец на третиот погодок за гостите. Во 30. минута Фуркан Ќани намали на 3:1, а веќе во 34. минута Кире Стојанов му носи предност на Пелистер од 4-11.
Во продолжението од натпреварот тимот од Битола постигна уште два гола. Во 84. минута Мартин Талевски и Јаков Пресилски во 86-тата се запишаа меѓу стрелците за конечни 6-1.





