Управата на КК Пелистер АД објави дека потпиша меморандум за соработка со кошаркарскиот клуб Хераклеа.
Денес во клупските простории беше потпишан договор за соработка помеѓу Пелистер и КК Хераклеа,а истиот се базира на меѓусебна соработка и помагање, со цел подигнување на битолската кошарка на повисоко ниво, со посебен акцент на работа и развој на младите таленти од овој град.
Во следниот период е најавено и потпишување на меморандум и со сите младински клубови-школи од градот. Со овој потег уште еднаш се потврдува стратегијата на пелистерци – покрај стабилна сениорска екипа, да се вложува и во развојот на младинската кошарка во градот.





