По комплетирањето на учесниците, познати се и паровите во осминафиналето од Купот на Македонија, по ждрепката која се одржа во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Во осминафиналето екипата на Силекс го доби Пелистер. Вардар ќе игра против Тиквеш, а има и прволигашка пресметка меѓу Башкими и Шкендија Арачиново.
- Осминафинални парови во Купот:
Скопје – Новаци
Струга ТЛ – Беласица
Брера – Арсими
Вардар – Тиквеш
Пелистер – Силекс
Работнички – Саса
Македонија ЃП – Брегалница
Башкими – Шкендија Арачиново
Точните датуми и саатници на одигрувањето ќе бидат одредени во следните денови, но мечевите ќе се играат на 27/28 октомври.





