Eурофарм Пелистер во третиот шешир пред ждрепката во Лигата на шампионите

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, утре ќе ги дознае своите седум противници во групната фаза на Лигата на шампионите. Ждрепката е закажана за в петок (27 јуни) во 15:00 часот во Виена, а нашиот клуб ќе биде достојно репрезентиран на ЕХФ гала-свеченоста.

Шешири пред ждрепката во Лигата на шампионите:
• Шешир 1:
Фуксе Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем
• Шешир 2:
Магдебург, Нант, ГОГ Гудме, Киелце, ПИК Сегед
• Шешир 3:
Еурофарм Пелистер, Спортинг Лисабон, Загреб, Колстад, Динамо Букурешт
Веднаш по ждрепката ќе биде одреден и календарот за групната фаза, а ќе биде прогласен и најкорисниот ракометар за сезоната 2024/25.