Лошото второ полувреме донесе пораз, Пелистер загуби во „вечното дерби“

Екипата на Пелистер од Битола со пораз го започна новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига, откако загуби во вечното дерби против Вардар со 4-1 (1-0)

Домаќинот ја имаше првата опасна ситуација во првиот дел, откако Димитар Данев не се снајде најдобро пред Јовчевски. На другата страна, пак, Петар Ристиќ излезе сам пред Талески шутираше, но голманот на Вардар одбрани. Во втората минута од судиското продолжение, токму Димитар Данев од позиција централно во шеснаесетникот шутираше неодбранливо во долниот лев агол од голот на Пелистер за 1-0.

Во вториот дел Вардар започна офанзивни и рано постигна и втор гол. Во 50. минута, Роџерс Мато го лобуваше Јовчевски за 2-0. Пелистер резултатски се врати во игра по добрата акција во 65. минута во која одлично се снајде Лука Булатовиќ кој погоди во мрежата на Талески. Сепак, домаќинот преку Димитар Данев и резервистот Кастањеда во последните десет минути стигна до два гола и финални 4-1.

Во следното второ коло Пелистер гостува во Струмица против Брера Струмица.