Управата на Пелистер Волеј продолжува со засилување на тимот за следната сезона. Мартина Николова е нов член на битолскиот прволигаш, име од кое се очекуваат одлични партии во зелено-белиот дрес.
Средниот блокер Николова има големо искуство, а досега во кариерата освојуваше многу трофеи, како во домашното првенство, така и во Купот на Македонија.
Во своето резиме има три дупли круни и вкупно четири шампионски титули. Пелистер Волеј има големи амбиции за следната сезона, а тоа го докажува со ангажирањето на неколку искусни и квалитетни одбојкарки.
Претходно, во Битола пристигнаа Белорусинката Алина Жевлакова, Македонките Ева Трпеновска и Симона Стојановска, како и Американката Шиник Никол МеКги.





