По натпреварот Вардар, на која извојува победа од 4-2, екипата на Престон Лајонс од Австралија патува на југ, каде ќе одигра пријателски натпревар со Пелистер. Средбата меѓу „зелено-белите“ и најмакедонскиот клуб во Австралија ќе се одигра во четврток, на стадионот во Новаци.
„Битола ќе има чест да биде домаќин на најмакедонскиот клуб во дијаспората – Престон Лајонс од Австралија. Симбол на македонската љубов кон фудбалот на другиот крај од светот, Престон Лајонс ќе гостува во нашиот град и ќе одигра пријателски натпревар против ФК Пелистер. Ова не е само натпревар, туку празник на фудбалот и на македонството – спој на татковината и дијаспората. Пелистер и Престон Лајонс – љубов кон истите бои, иста емоција, иста традиција, иста нација“, стои во објавата на Пелистер.
„Лавовите“ од Австралија имаа фантастичен дочек во Скопје, а сигурно така ќе биде и во градот на конзулите.





