Пет битолчанки на списокот на Грчевски за Германија и Словенија

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, денеска го објави поширокиот список со ракометарките на кои смета на претстојните дуели против Германија и Словенија во квалификациите за ЕП 2026.

Со оглед што покана е испратена до 35 ракометарки, очекувано нема изненадување односно повикани се најдобрите кои ги имаме во моментов. За одбележување е што повикани се пет битолчанки на списокот: Ризовска, сестрите Јанкуловска, Дишковска и Босилковска.

Македонија првиот меч од квалификациите за ЕП 2026 ќе го одиграат на гости кај Германија (16 октомври), а три дена подоцна ќе ја пречекаме Словенија во Битола.