Аикидо клубот Пелистер од Битола ги извести сите клубови за реален аикидо дека по повод 50-годишнината од работата на тренерот АК Пелистер и на Будо центарот Пелистер, Ѓуро Илиќ, организира голем меѓународен будо семинар.
„На семинарот ќе учествуваат бројни светски мајстори во реален аикидо, џудо, карате (повеќе стилови), аики будо и џиу џицу“, истакнуваат од АК Пелистер и додваат дека семинарот ќе земат учество мајстори од Јапонија, САД, Европа, Турција и Балканот, како: Србија, Црна Гора, Бугарија, Македонија и други.
Потврдатат за учество е најдоцна до 5 октомври, а таксата за учество е 15 евра.
Тренинзите на семинарот се на 16 октомври од 19:00 часот и на 17 октомври од 12:00 часот, а во 19:00 часот е промоцијата на документарниот филм „Ѓуро Илиќ…„Да се биде подобар од вчера“.





