Битолчаните Методија и Михајло Илиевски ќе го судат дербито во СЦ „Јане Сандански“

Методија и Михајло Илиевски од Битола ќе ја делат правдата на големото дерби помеѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, кое ќе се одигра утревечер во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Вардарци ќе го пречекаат актуелниот македонски шампион во дерби пресметката на петтото суперлигашко коло, а за браќата Илиевски ова ќе биде прва можност во кариерите да го судат најважниот ракометен меч во Македонија.

Скопскиот состав во моментов има еден бод предност во однос на Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одигра во терминот од 19:00 часот.