Пепи Манасков (ракомет) и Петар Милошевски ( фудбал) – најдобри меѓу најдобрите во Битола за 1990 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


1990 – МАНАСКОВ – МИЛОШЕВСКИ НАЈДОБРИ

Најдобрите спортисти за 1990 година се избираа на два пати. Прво, избор на крајот од декември 1990 година направи спортската редакција на Битолски весник, а во почетокот на јануари 1991 година, СОФК-а ги избра најдобрите спортисти за 1990 г.

Битолски весник за спортист на годината го прогласи Пепи Манасков, а СОФК-а голманот на ФК „Пелистер”, Петар Милошевски.
Ранг-листа на најдобрите спортисти за 1990 г. според Битолски весник:

  1. Пепи Манасков (ракомет)
  2. Петар Милошевски (фудбал)
  3. Билјал Шуман (ракомет)
  4. Златко Димовски (кошарка)
  5. Весна Дунимагловска (скијање)
  6. Митко Стојковски (фудбал)
  7. Златко Неделковски (кунг-фу)
  8. Никола Стојановски (гимнастика)
  9. Миле Цветковски (атлетика)
  10. Зоран Лазаревски (боди-билдинг)

Спортската редакција на Битолски весник за најдобри екипи за
1990 г. ги прогласи:

  1. РК „Пелистер”
  2. Младинска екипа на ФК „Пелистер”
  3. КК,,Пелистер”

Ранг-листа на најдобрите спортисти на Битола за 1990 г. по избор на СОФК-а:

  1. Петар Милошевски ( фудбал)
  2. Пепи Манасков (ракомет)
  3. Златко Неделковски (кунг-фу)
  4. Томе Здравевски (кошарка)
  5. Митко Стојковски (фудбал)
  6. Зорица Катиновска (кошарка)
  7. Благој Велјановски (стрелаштво)
  8. Методија Димовски ( атлетика)
  9. Мери Марковска (ракомет)
  10. Живко Аспроски (бокс)

Комисијата на СОФК-а за најуспешна екипа го прогласи фудбалскиот клуб Пелистер, второто место му го додели на РК Пелистер, додека на третото место неочекувано се најде стрела дружина Нишан од село Буково.
Посебни признанија им беа доделени на ФК „Пелистер”, како најфер екипа во минатата година и на познатиот планинар ветеран Манасие Џиниќ. Наградите на најдобрите спортисти и спортски екипи за 1990 г. им ги врачи претседателот на СОФК-а, Петар Атанасовски.