Денис Ѓеорѓиевски – бокс – најдобар меѓу најдобрите во Битола за 1997 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


1997 – БРОНЗА И ПРИЗНАНИЕ ЗА ДЕНИС ЃЕОРЃИЕВСКИ

1997 година мина во знакот на боксот, но и на атлетската гимнастика. На ранг-листата се најдоа дури тројца билдери. На Денис Ѓеорѓиевски титулата најдобар спортист на Битола припадна откако на Првото европско кадетско боксерско првенство што се одржа во Битола, освои бронзен медал, што беше, а и денеска е, еден од најголемите успеси за боксот во Битола. По пропаѓањето на ТАТ, машката и женската ракометна екипа мораа да ги сменат имињата. РК „Пелистер – Жито Битола” и со новиот спонзор, пак беше најуспешна екипа.

Најдобрите во 1997 г.

  1. Денис Ѓеорѓиевски – бокс
  2. Жарко Срдиќ-боди-билдинг
  3. Кире Поповски-ракомет
  4. Игор Николовски-ракомет
  5. Нове Хаџи Стојанов- боди-билдинг
  6. Соња Трајчевска- кунг-фу
  7. Кире Костовски-џудо
  8. Каролина Лазаревска-кошарка
  9. Владимир Јадровски-стралаштво
  10. Зоран Лазаревски – Паљо- боди-билдинг

Најуспешни екипи:

  1. РК, Пелистер Жито Битола”
  2. ТК,,Битола
  3. Клуб за атлетска гимнастика „Паљо”

Младиот боксер на БК „Битола”, Денис Ѓеорѓиевски, носител на бронзениот медал од Европското кадетско боксерско првенство што се одржа во Битола, од 4 до 14 јули, е прогласен за спортист на Битола за 1997 г. Ова високо признание на младиот Денис Георѓиевски му го додели Извршниот одбор на Сојузот на спортови на традиционалниот избор на десетте најдобри спортисти на Битола и на најуспешните екипи за тековната година.

На второто место се најде Жарко Срдиќ, член на клубот за атлетска гимнастика,,Шампион”.

Третото и четвртото место им припадна на ракометарите на ,,Пелистер-Жито Битола”, Кире Поповски и Игор Николовски.

На петтото место се пласира билдерот Нове Хаџи Стојанов Ноки, а шестото место й припадна на Соња Трајчевска, член на кун-фу клубот „Битола”.

Седмопласиран на ранг-листата на најуспешните е џудистот Кире Костовски.

Осмото место й припадна на кошаркарката Каролина Лазаревска, а деветото место го освои стрелецот Владимир Јадровски, од стрелачката дружина на „Југо – тутун”.

Десетти беше билдерот Зоран Лазаревски -Паљо.

На свеченоста што беше организирана во хотелот „Битола” им беа доделени посебни признанија и на надежните спортисти: Илчо Радевски, Ѓорѓи Марковски, Адријана Ходак, Александар Трајковски и Талија Христовска.

Златни плакети добија: Пеце Димитровски, Љупчо Спировски, Диме Неделковски, Цане Ѓеорѓиевски, Митко Фидановски, ДСМУ „Ѓорѓи Наумов” и познатиот „диригент” на битолските навивачи, Мате Шундовски.

Признанијата на најдобрите поединци и клубови им ги врачи градоначалникот на Битола, Силјан Мицевски кој е и претседател на Сојузот на спортови – Битола.