Стојановски: Бод против оваа Шкендија не е мала работа

Вечерва во Битола се комплетираше деветтото коло во првата лига со натпреварот меѓу Пелистер и актуелниот шампион Шкендија. Битолчани одолеаја на нападите на гостите од Тетово кои настапија без македонскиот репрезентативец Решат Рамадани, голманот Бабукар Гаје кој замина со репрезентацијата на Гамбија, како и новопечениот албански репрезентативец Клисман Цаке. Натпреварот заврши без голови, 0-0, а врнеше и дожд.

Еве ги импресиите по дуелот на „Петар Милошевски“ на домашните дефамзивци.

Христијан Гроздановски
(фудбалер на Пелистер)

Задоволни сме како одигравме. Тактички натпревар, без премногу шанси. Имавме прилика за гол, но за жал, не реализиравме. Полека излегуваме од кризата, мислам дека ова е добар стимул за позитивна серија. Сакаме да бидеме поопуштени и да се фокусираме на подобрување на играта. Благодарност до навивачите кои дојдоа да ни дадат поддршка. Ќе се трудиме да бележиме добри резултати на следите мечеви.

Христијан Стојановски
(фудбалер на Пелистер)

Заслужено го освоивме бодот. Сите што играа денес го дадоа својот максимум. Имавме шанса во вториот дел да стигнеме и до победа, но не успеавме. Бод против оваа Шкендија, која игра и во Европа, мислам дека не е мала работа. Одиме на тешко гостување кај екипата на Силекс, ќе се обидеме да останеме непоразени и таму. Благодарност до публиката која беше нашиот дванаесетти играч. Ни претстои напорна недела, мора да се подготвиме, зашто Силекс е многу незгодна екипа.

Во следното десетто коло Пелистер на 17 октомври гостува кај Силекс.