Во рамките на 8. коло во Првата женска фудбалска лига, најубедлив триумф запиша Љуботен кој во дербито против АС Јунајтед славеше со високи 8-0 на „Градски“ во Тетово. Хет-трик постигна Мустафа, а двапати прецизна беше Накова.
Во соседското дерби во Пржино, Скопје 2014 го совлада Истатов со 2-0 благодарение на головите на Каралиоска и Крстева.
Тиверија Брера со убедливи 5-1 го надигра Кочани во Струмица, при што Николовска постигна два гола. Каменица Саса минимално победи со 0-1 во Битола против Топ Гол со погодок на Гоја.
Во Куманово пак, Речица и Вардар одиграа реми 2-2. Двата гола за домашните ги постигна Митковска.





