Екипата на Пелистер од Битола го прослави 80.. роденден на клубот во ревијален меч со Динамо Букурешт од Романија, кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“, а попознат како стадион под Тумбекафе, победи со резултат 2-0, а двата гола кои паднаа во завршницата на натпреварот.
„За прв меч, ова беше едно големо искуство и за мене и за екипата. Можевме да видиме еден професионален фудбал и се надевам дека овој меч ќе им значи на сите играчи за продолжението од кариерите. Сепак, разликата меѓу Динамо Букурешт и Пелистер е огромна во квалитетот. Најважно е што немавме повреди и што се мина во најдобар можен ред. Динамо е голем клуб, одлична екипа, со одличен тренер и му посакувам среќа во иднина. Уште еднаш, благодарност затоа што прифатија да играме ваков меч. Овој дуел ми даде многу да видам како излгеда тимот и кои се играчите“, изјави Стојановски.
Новиот тренер на Пелистер ќе дебитира во официјален натпревар против Шкендија Арачиново следниот вторник.





