Кадетите на Еурофарм Пелистер одиграа корисен тест со кадетската репрезентација

Викендов во Битола беше одигран приајтелски натпревар помеѓу кадетските сеелекции на Еурофарм Пелистер и репрезентација на Македонија, а победа издвојува националната селекција.

После рамноправната игра во првото полувреме, во вториот дел шанса за настап добија сите играчи за настап во тимот на Еурофарм Пелистер, со што се загуби рамноправниот ритам, при што нашиот национален состав направи резултатска предност (36-23).

Одлична партија за тимот на Еурофарм Пелистер прикажаа Тео Спировски кој постигна 9 погодоци, голманот Иван Младенов кој бранеше во првите трисет минути, како и левото крило Павел Велјановски со 5 и пивотменот Јован Симоновски со 4 погодоци.

Еурофарм Пелистер:
Младенов, Пајковски, Трајковски (голмани), Велјановски 5, Кочанов, Бундалевски, Кебаковски, Павловски, Здравковски, Спировски 9, Митровски, Мијалчев, Илијевски, Георгиев 4, Дамчевски 1, Бојчевски и Симоновски 4

Македонија:
Фехми и Николовски (голмани), Лазаревски 3, Ѓорѓиевски 4, Дамчевски 1, Николоски 3, Ѓорѓиевски 3, Трсунов, Вуичевски 3, Ѓорчевски 2, Петрески 1, Ристов 2, Симовски 2, Поповски 5, Гарбески 3, Лешинковски 3