Рустемовски го победи фаворитот од Русија и ќе се бори за титулата во Пале

Битолскиот боксер Ален Рустемовски се наоѓа во елемент и на крајот од годината. Тој го победи Русинот Никита Косман и се пласира во финалето на Опен Балкан шампионатот во Пале, Босна и Херцеговина, кој е под покровителство на ЕУБЦ.

Рустемовски во финалето ќе ги одмери силите со Стефан Чамовиќ од Србија.
Останатите наши боксери се поразени.

Резултати:
52 кг. Никола Ракичевиќ (Црна Гора) – Андрј Мајкиќ (Македонија) 5-0
63,5 кг. Данико Марковиќ (Црна Гора) – Синиша Талевски (Македонија) 5-0 ТКО Р1

60 кг. Ален Рустемовски (Македонија) – Никита Косман (Русија) 3-2
Финале
60 кг. Ален Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија)

71 кг. Хамза Рашљанин (Србија) – Наум Стојаноски (Македонија) 5-0