Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер забележаа нов пораз сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва во 5. коло на домашен терен беа поразени од моќната Барселона со 30-34.
Капитенот на пелистерци, Филип Кузмановски по мечот ги сумираше впечатоците.
„За мене Барселона е еден од најсилните клубови во Европа, а Карлос Ортега е врвен тренер. Барса е фаворит за трофејот во секое натпреварување и тешко е да се игра против неа. Има квалитетни играчи, игра меѓу најдобри одбрани и има страшна полуконтра. Мора да бидеме горди како одигравме, затоа што тимот се покажа на ниво. Битолската публика сигурно виде поинаков Пелистер, овој Пелистер ветува многу и треба сите да бидат задоволни. Горд сум на моите момци, одигравме напорен меч и сега мора да се фокусираме на следните дуели“, рече Кузмановски.
Веќе попладнево ракометарите на шампионот на Македонија имаат нов предизвик, играат против Тиквеш во Кавадарци, во рамките на домашната Суперлига.





