Стојчевска и Сулејмановска на списокот на женската пионерска ракометна селекција

Селекторот на женската пионерска ракометна селекција, Славиша Димитријески, го скрати списокот за собирот на нашите млади ракометарки.

Димитријески избра 45 девојки кои ќе му се стават на располагање на денешниот прв тренинг. Од ЖРК Пелистер повикани се Аријана Сулејманова и Ана Стојчевска.

Собирот на пионерската селекција ќе се одржи денес во салата „Јане Сандански“ во Скопје.