Почнува Втората футсал лига, Конзули на стартот гостуваат во Свети Николе

Новата сезона 202526 на Втората футсал лига е пред самиот старт. Ќе се натпреваруваат 11 екипи, а меѓу нив е и КМФ Конзули од Битола. Ривали на „конзулите“ ќе им бидат: Овче Поле од Свети Николе, Кратово, Каршијака, Партизан Југ, Карадаку, СЕЕ Универзитет, ССК Скопје, Железарец, Црна Река и Фудбал Старс од Кочани.

Во однос на ланската сезона нема да се натпреварува Кораб од Дебар, Победа од Прилеп, како и екипата на Енхалон од Струга. Во секое коло ќе има по една слободна екипа, бидејќи се натпреваруваат непарен број на екипи.

Според ждребот во првото коло Овче Поле во Свети Николе ќе го пречека тимот на Конзули од Битола, ланскиот прволигаш Црна Река во Кавадарци ќе го пречека Каршиака, а пак во Тетово ќе се соочат СЕЕ Универзитет со Кратово. Ланскиот прволигаш Железарец ќе биде домаќин на Фудбал Старс од Кочани, а пак Партизан Југ во Брвеница ќе игра со Карадаку.

Во рамки на првото коло слободна ќе биде екипата на ССК Скопје.