Трапановски со прекрасен гол во дербито со Ренџерс се врати по повредата

Поранешниот шампион на Шкотска, Ренџерс го оствари шестото реми во сезоната откако попладнево на домашен терен одигра 2-2 со Данди Јунајтед.

Тоа беше и дуел на македонските репрезентативец Бојан Миовски и Кристијан Трапановски, а позадоволен може да биде фудбалерот на Данди Јунајтед. Не само поради освоениот бод на тернеот на фаворитот, туку и поради постигнатиот прекрасен гол.

Битолчанецот Трапановски испрати одличен удар, неодбранлив за домашниот голман на „Ајброкс парк“ за израмнување во тој момент (1-1). За него ова беше прв гол на вториот настап, бидејќи се повреди во подготовките и паузираше повеќе од два ипол месеци.